Sunday, February 24, 2013

До денешен ден.

Ова е еден нетипичен пост од моја страна, бидејќи како што гледате, овој блог е наменет за мода и стил.

Но, овој пат решив да направам исклучок и да ви претставам еден преубав состав, може да се нарече и колумна од страна на една моја добра другарка.
Ние сакавме да го добиеме вашето внимание, посебно вниманието на нашата генерација, која се повеќе и повеќе се губи меѓу редови, не ја сваќаат суштината на животот.
Се надевам ќе ви се допадне.



До денешен ден.

Неделно попладне, од пуста досада единствено што можев да правам беше да висам на фејзбук и правам празни муабети со другарка, која по некоја случајност ми прати видео. И не би било толку интригантно да видеото немаше некоја поука.
Напротив, имаше! Имаше, и тоа толку силна поука за сите нас,целата наша генерација.
Видеото како и мојот наслов беше наречено До денешен ден, и во него се зборува за трајните белези од детството кои остануваат до крајот на нашиот живот. А што е па и потрагично е моментот во којшто се вели дека сите тие белези се лоши.
Едноставно болни, тоа беа само рани и гребнатини на нашите срца предизвикани од никој друг туку од класот.
Кај сите нас, барем еднаш во класот имаме слушнато како некој исмева некого поради ,,убавината,, која што не е доволно ценета како нечија друга.
Убавина?? Која е дефиницијата за убавина? Кои сме ние, луѓето, обични смртници, кои сме ние да дефинираме нечија убавина?
Дали сме должни да проценуваме? Осудуваме?
Секој има некое свое сваќање за убавината, но не секој знае да ја пронајде, да ја цени. И не секој е достоен да биде наречен грд!
Бидејки сите ние сме убави! Во сите нас се крие одредена убавина за којашто е потребно да ја види некој кој ке умее да ја пронајде, да ја извлече од сите тие грди реченици натрупани во нас, кои се упатени само од недовлоно образовани личности. Личности кои никогаш во животот немале направено добро дело.
И што е најтрагично, околу мене, од ден на ден се повеќе гледам како ми се упропастува генерацијата.
Гледам како убави деца “се трескаат од земја“ за ГЛУПОСТИ! Навистина се глупости тие нивни наводни проблеми од типот:
Па зошто не ми ставил/а лајк? А што да носам во школо утре? Со која боја да си ги налакирам ноктите? Зашто не ми пишува прв/а??
Срамота луѓе! До кај стигнавме??
Искрено се чудам како можеме да се однесуваме вака ладнокрвно према светот? Не обрнувајќи внимание на скршените срца коишто сами ги кршиме, и зашто?
Пак за внимание? Жално..
Жално е што неумееме да научиме малку повеќе да ќутиме! Затоа што некои луѓе се многу попаметни кога молчат, барем никого не повредуваат.
И едноставно што ми преостанува е да барем со ова натерам некого, БАРЕМ НЕКОГО да се освести и да го пренесе ова на останатите.
Затоа што се повеќе има деца коишто го живеат остатокот од животите маркирани, а се помалку луѓе (предизвикувачи) се свесни за тоа.

Дрпљанин Елма.


Сега би сакала, тоест, би ве замолила да го погледнете видеово, преубаво изработено и толку сурово прикажано што се случува со луѓето, со децата, со нашите пријатели, познаници, жители на оваа планета. Вреди да се погледне!






1 comment: