As a lover of all things retro, I can definitely say that analogue photography is my favourite type of photography. I adore the look of the photos and the feelings they evoke but most of all I love the thrill of not knowing what your photo will turn out like. And although I have never actually used an analogue camera before, I was eager to get my hands on one.
And luckily I wasn't the only one who had a thing about film photography. Angela, Jovana and I have talked about purchasing a small, point and shoot disposable camera for a while, so what better timing than for our trip?
I am in love with how the photos turned out, and now I am stuck on the idea of buying an actual analogue camera and giving this thing a go. Only time will tell.
Како љубител на ретро работи, со сигурност можам да кажам дека аналогната фотографија ми е омилениот тип на фотографија. Го обожавам изгледот на сликите и чувствата кои ги буди, но најмногу од се' ми се допаѓа незнаењето како ќе изгледа финалната фотографија бидејќи кога се работи со филм секој најмал фактор игра голема улога врз која ние баш и немаме можност да ја исправиме. И иако до сега немам сликано со вистински аналоген фотоапарат, желбата секојдневно се зголемуваше.
Затоа кога се решивме каде ќе патуваме со Ангела и Јована, решивме уз пат да купиме и ефтино апаратче со филм за една употреба од DM, чисто за да видиме како би изгледале фотографиите на крај. Сега, откако се вративме и ги развивме фотографиите, можам да кажам дека сум заљубена во тоа како испаднаа. Желбата да се испробам во аналогна фотографија останува, па можеби во блиска иднина ќе видите повеќе вакви фотографии од мене.
No comments:
Post a Comment