Friday, October 26, 2018

A trip to... #12


Hello!

I guess it turned into an unintended tradition for Angela, Jovana and I to take a trip to some random European city in September before University madness starts. This time around, there was a lot of debating where we wanted to go. We started off with the idea to go for the "chill, lounge by the sea" type of trip, but we knew we find those kinds of places a bit boring, so we searched for some cheap aeroplane tickets instead. And that is the not so interesting story of how we decided to go to Bratislava, Slovakia.

I know it's much better for the sake of the story to say that I've always wanted to visit Bratislava and my dreams finally came true, but it was just as simple as that - cheap Wizzair tickets FTW! Although we didn't know much about the city, that didn't stop us from getting all excited and googling fun things to do/see whilst in Bratislava. 

And after 5 days spent in Bratislava, this is the final verdict: it's the most charming little city, filled with cute cafes and a lively night-life. The food and coffee are relatively cheap, as well as entrance fees to different galleries and museums. The old town brings mystery (especially at night) with its intertwining alleys, the abundance of parks and trees clears up your lungs, while the murals and graffiti bring out the urban side of the city, as well as your camera. 

Hope you enjoy this collection of moments captured by Angela Petrovska!



Здраво!

Не сакајќи, патувањето секој септември со Ангела и Јована пред да започнат предавањата на факултет стана еден вид на традиција. Оваа година, долго се одлучувавме каде сакаме да одиме, најпрво ни дојде идејата да отидеме на некое потопло место односно да поминеме 7 дена лежејќи на плажа, но набрзо дојдовме до заклучок дека таквите патувања се малку досадни, или со други зборови - Охрид не ни бега цело лето. Затоа решивме да видиме за каде има евтини авионски карти, и така изборот падна на Братислава, Словачка. 

Знам дека би било многу поинтересно за приказната доколку кажам дека отсекогаш сум сакала да одам во Братислава и сонот конечно ми се оствари, но реалноста е досадна и на крајот на денот се' се сведува на евтините Визер летови. Иако никој од нас немаше некоја посебна желба (ниту идеја) за што би можеле да правиме таму, тоа не значеше дека нема да си направиме едно добро Инстаграм истражување за да ги најдеме сите кул места за гледање и работи за правење. 

По 5 дена поминати во Братислава, ова е конечната пресуда: Братислава е шармантен, мал град, исполнет со симпатични кафулиња и жив ноќен живот. Храната и кафето се релативно евтини, како и трошоците за влез во различни галерии и музеи. Стариот град ја носи мистеријата (особено ноќе) со своите испреплетени улички, изобилството на паркови и дрвја ги освежува белите дробови, додека муралите и графитите ја покажуваат урбаната страна на градот. 

Се надевам ќе ви се допадне оваа колекција на моменти фотографирани од Ангела Петровска!








Other activities on our 7-day trip included roaming in hidden courtyards, drinking amazing coffee (my personal favourites were: Kava Bar and Mad Drop Espresso & Brew Bar), eating delicious food at a Street Food Festival, dancing and playing Super Mario on the Nintendo at an 80s party, taking photos on a disposable camera (post coming soon!) and a two day trip to Vienna (post also coming soon!).

Меѓу другите активности кои ни го исполнија 7-дневното патување: шеткање по рандом дворови на згради, пиење предобро кафе (моите омилени кафулиња беа Kava Bar и Mad Drop Espresso & Brew Bar), јадење вкусна храна на Street Food Festival, играње и гејмање Супер Марио на ретро Нинтендо на 80s журка , фоткање со disposable апаратче (пост за тоа наскоро!) и дводневна екскурзија до Виена (пост за тоа исто така наскоро!)








Slovakia is known for its castles and nature, so we had to visit at least one. We chose Devín Castle, also known as the meeting point of the Danube and Morava rivers and where the Iron Curtain ran from 1945 to 1992 (we love an educational day trip).

Словачка е позната по своите замоци и природа, така што моравме да посетиме барем еден. Го избравме замокот Девин, исто така познат по тоа што тука се спојуваат реките Дунав и Морава и каде што се оптегала границата наречена Железна завеса од 1945 до 1992.






No comments:

Post a Comment