Sunday, July 15, 2018

Dress Code: Not fancy enough



Time for a short fashion dilemma storytime with Elena. 
Whenever I get the opportunity to attend a fancy event, in this case, Lancome's Declaring Happiness event, I switch into "extreme panic because I don't own anything nice" mode. This information proposes two opinions:
1. Why don't you own anything nice Elena, you're a 20-year-old self-declared fashion blogger ffs... 
2. Nobody cares?!?
Well, you might be right about the second one, but I'm here today to defend my "not fancy enough" closet and why I punch myself in the face (metaphorically) every time it's literally 10 minutes before I leave the door and I still don't know what to wear. 
Allow me to introduce myself. Hi, I'm Elena and 95% of my closet is casual wear because 95% of my activities require me to lead a casual lifestyle...Or so I thought. When I arrive at *insert any casual type of gathering here* I sometimes get the "Why are you so dressed up?" comment which doesn't make sense to me, since, I'm not dressed up! I gracefully try to defend myself from these absurd accusations (catch my sarcasm), but I still don't understand why people would think I'm dressed up when I clearly thought and aimed to dress casually. And now I've come to the conclusion - These little series of moments are the reason why I don't own anything nice. I'd led to think that I can dress fancy with the clothing I already own, when in fact it's not even close to fancy. Sooo that means it's everyone else's fault, right? Well, sadly that's wrong because by now I should know better and I should probably buy myself something other than mom jeans and T-shirts. 



Дечки, време е за една кратка модна приказна/дилема со Елена. 
Секојпат кога ќе ја добијам можноста да присуствувам на нешто отмено, во овој случај тоа беше настанот на Lancome Declaring Happiness, почнувам да паничам бидејќи "не поседувам ништо доволно фино за ова". Оваа кратка информација наведува да размислиме на две работи:
1. Зошто не поседуваш ништо доволно фино Елена, имаш 20 години, блогерка си, аман...
2. На никој не му е гајле?!?
Епа, можеби сте во право за второто, НО јас сум тука денес за да си го одбранам мојот "не-доволно-отмен" плакар и да објаснам зошто си ја удирам главата од земја 10 минути пред да треба да излезам поради тоа што немам што да носам.
Дозволете ми да се претставам. Здраво, јас сум Елена и 95% од мојата гардероба е кежуал облека бидејќи 95% од мојот секојдневен живот бара од мене да носам кежуал облека...Или барем така мислев. Кога ќе пристигнам на *инсерт било која кежуал собиранка тука* понекогаш го добивам коментарот "Зошто си се дотерала толку?" што јас не го разбирам, бидејќи не сум дотерана! Некако пробувам да се одбранам себеси од овие апсурди обвинувања (за ова сум саркастична), но сепак не разбирам зошто другите мислат дека сум дотерана кога очигледно е сум целела кон кежуал изглед. И еве како јас стигнав до мојот заклучок - Не поседувам ништо фино затоа што поради ваквите коментари сметам дека веќе го имам тоа "финото" во плакарот, кога всушност не е ни блиску до тоа. Така дааа, другите се криви нели? Па, не баш. Можеби едноставно треба да престанам да купувам mom jeans и маички на риги бидејќи за жал не се сметаат за отмени.
Фотографии: Ангела Петровска







1 comment:

  1. girl you look great and this is a perfect outfit for it.
    Nice bag
    keep SHINNING.
    Have a lovely week ahead.
    New post
    https://www.melodyjacob.com/

    ReplyDelete