Soo, I filmed a video tutorial for AVON, no big deal. (excitingly squealing inside)
When I first got offered to be part of this crazy awesome project I jumped straight to it! Do I have professional knowledge in make up? No. Have I ever filmed a proper make up tutorial in my life? No. So, one would think, why is she even doing it? Well my dear readers, It was just too good to pass up.
The deal was to film a make up tutorial with all products from AVONs collections and then attend the first Beauty Workshop created by AVON with stylists and make up artists Caci Pakovska and Magdalena Medichi.
And then, we had our first meeting with AVON, Marketing agency New Moment and some of my dearest bloggers colleagues that were also a part of the project. At the meeting we were handed our make up and our video themes. Mine was Make up for 5 and 15 minutes which I was soo excited about because my whole life is Make up for 5 minutes honestly.
A few days later, filming day arrived and I headed down to the New Moment offices where a professional setup and camera was waiting me. I was both excited and nervous at the same time, but as we filmed the video I got more and more comfortable in front of the camera. It was totally an experience to remember.
And finally, the Beauty Workshop. It was a truly fun and interactive workshop where both Caci Pakovska and Magdalena Medichi gave us tips and tricks on how to do our make up right, or how to do our make up for a certain occasion. It was so fun to see almost all of the Macedonian bloggers in one room, we were all just chatting and sipping our coffee. I loved how the Workshop turned out and I would most definitely visit the next one in the future. And congratulations to Azize Demishi (click here to check out her blog) for winning the Video Tutorial challenge, we all loved it!
Пааа, снимив видео туторијал за АVON, ништо посебно. (врискање и пискање одвнатре)
Кога на почетокот ми предложија да бидам дел од овој неверојатен проект јас веднаш се согласив. Дали сум професионален шминкер? Не. Дали до сега имам снимено видео туторијал? Не. Би помислиле, тогаш зошто си се согласила? Одговорот е - затоа што е премногу интересно за да не се согласам!
Договорот беше да се сними видео туторијал на зададена тема со шминките на AVON и да се присуствува на првата работилница за убавина и декоративна козметика поддржана од AVON со стилистките и мејкап артисти Цаци Паковска и Магдалена Медичи.
Прво беше состанокот за видеата, каде на мене и на другите блогерки кои беа дел од проектов ни ги зададоа темите на кои ќе се шминкаме и ни ги дадоа самите шминки (тука сите бевме како мали дечиња кога ќе им дадеш нови играчки). Мене ми се падна темата Шминка за 5 и шминка за 15 минути што е одлично бидејќи целиот мој живот е шминка за 5 минути искрено.
Неколку дена подоцна беше ден за снимање и се упатив кон канцелариите на Маркетинг Агенцијата New Moment каде ме чекаше професионално снимање на видеото, и тука моите чувства беа микс помеѓу возбуденост и гооолема нервоза. Но, целото искуство беше многу интересно и како што снимавме се повеќе и повеќе се опуштив.
И конечно, Работилницата за убавина и декоративна козметика. Целиот евент беше одлично подготвен, Цаци Паковска и Магдалена Медичи ни дадоа одлични совети и трикови за нашата шминка и како ја нанесуваме истата. Исто така ни демонстрираа и повеќе различни изгледа за различни намени. На евентот беа присутни скоро сите македонски блогерки што многу ме израдува, и го поминавме денот муабетејќи и пиејќи сокчиња и кафе. Исто така, големо Честито до Азизе Демиши (клик тука за нејзиниот блог) која ја освои наградата за најдобар видео туторијал, на сите премногу ни се допадна!
Во прилог е видеото и слики од работилницата (слики преземени од www.stylist.mk)
With fellow bloggers, all such lovely ladies!
No comments:
Post a Comment