Hello!
So, as you know I went on my school excursion and returned a few days ago, filled with pictures to share with you. The first stop was the beautiful city Prague and if you haven't already, you can check it out here. I also made "A trip to..." post about my day in Thessaloniki, Greece and you can check that out also, here. Now, back to the city that I am telling you about today, and that is the gorgeous Dresden.
Dresden is the capital city of the Free State of Saxony in Germany and it is situated near the Czech border, so it was only a couple of hours away from Prague which made traveling not as sickening. I honesty wasn't expecting much from Dresden just because It wasn't as popular or commercialized as per say Prague or Vienna and this was the first time I have heard of a town called Dresden, but boy was I wrong. We said goodbye to the gloomy Czech weather and hello to beautiful sunny Germany (or Saxony, just to be clear). The monuments, the cathedral, the castles, it was all like from a fairy tale. And to hear the devastating history of this town was heart breaking, Dresden was completely destroyed in WWII from British and American bombing and about 25,000 people were killed. But, this town has come a long way since then, and was able to be almost everyone's favorite stop in the excursion.
This is the last post from my excursion because the next city that we went to was Vienna on our way back but I managed to catch a fever and I was barely even walking, let alone taking photos.
Hope you like it.
Здраво!
Како што знаете, јас само што се вратив од мојата екскурзија, полна со слики кои сакам да ги споделам со вас. Првата станица беше прекрасната Прага, и ако го немате погледнато тој пост се уште, клик тука. Исто така, ваков пост имам направено и за Тесалоники (ние си го знаеме како Солун) и тој пост може да го погледнете тука. Сега, се враќаме на градот за кој ќе ви зборувам денес, а тоа е преубавиот Дрезден.
Дрезден е главниот град на државата Саксонија во Германија, и се наоѓа блиску до Чешката граница што ни го олесни патувањето од Прага 10 пати повеќе. Искрено, јас отидов скоро без никакви очекувања во Дрезден, само затоа што не е толку популарен или искомерцијализиран како што се на пример Прага и Виена, и навистина се изненадив од тоа што ме пречека. Се подравивме со облачното чешко време и кажавме здраво на убавата сончева Германија (или Саксонија во овој случај). Од спомениците, до замоците, катедралата и зградите, Дрезден изгледаше како да е излезен од бајка. И да се слушне страшната историја на овој град беше срцекршачко, Дрезден целосно бил срамнет до земја после бомбардирањата од Британија и Америка во Втора светска војна, каде биле убиени околу 25,000 луѓе. Но, долго време е поминато од тогаш и овој град успеа да си ја врати својата убавина и да стане омилената посета на повеќето од моите соученици од целата екскурзија, вклучувајќи ме и мене.
Ова е последниот пост од екскурзијата, следната станица беше Виена, но јас успеав да се разболам и да качам температура и сликањето ми беше последното нешто на ум.
No comments:
Post a Comment